ПРОМЕТОТ НА БЕРЗАТА СКОКНА ЗА 126% И покрај поголемата активност, движењето на цените главно беше негативно

Прометот беше реализиран преку 501 трансакции, 325 повеќе во однос на претходната недела со кои се истргуваа 12.101 акции и обврзница.

1

Mакедонската берза минатата недела бележи значително зголемена трговска активност, но движењето на цените на акциите беше претежно негативно. Од акциите опфатени во извештајот, само Универзална Инвестициона Банка забележа раст, додека шест акции завршија во минус, меѓу кои и трите најголеми падови кај банкарските акции.

Вкупен промет (на сите пазари) изнесува 78,4 милиони денари (1,27 милиони евра) што е повеќе за 126,2% во однос на претходната недела.






Прометот беше реализиран преку 501 трансакции, 325 повеќе во однос на претходната недела со кои се истргуваа 12.101 акции и обврзница.

И покрај поголемата активност, движењето на цените главно беше негативно. Од акциите опфатени со неделниот преглед, раст забележаа единствено акциите на Универзална Инвестициона Банка Скопје, чија вредност се зголеми за 3,58%, а најголем пад од 2,35% имаше кај акциите на Комерцијална банка, Стопанска банка Скопје – пад од 2,17 % и НЛБ Банка АД Скопје – пад од 1,92 %

Најтргувана акција е на Комерцијална банка Скопје со промет од 36 милиони денари. По неа следи Алкалоид со 9,2 милиони денари, НЛБ Банка со 7,5 милиони денари, Макпетрол (5,9 милиони денари) Македонски телеком (2,8 милиони денари).

Според бројот на истргувани акции, најактивни беа: Македонски Телеком Скопје – 5 673 акции, Комерцијална банка Скопје – 1 422 акции и РЖ Економика Скопје – 1 242 акции

Изминатата недела, исто така се реализира и една блок трансакции со акциите на Комерцијална банка Скопје. Во неа се истргуваа 110 акции по цена од 25 450 денари по акција.

Поврзани содржини