КАМЕРОН ДИЈАЗ И БЕНЏИ МАДЕН ГО ДОБИЈА ТРЕТОТО ДЕТЕ Бебето на актерката и музичарот доби необично име

Актерката и нејзиниот сопруг го добија своето трето дете. Гордиот татко ја објави среќната вест за раѓањето на нивниот син Наутус Маден на социјалните мрежи.

425
Актерката Камерон Дијаз (53) и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден (47), го добија своето трето дете. Гордиот татко ја објави среќната вест за раѓањето на нивниот син Наутус Маден на социјалните мрежи.
Во објава на Инстаграм тој напиша:
– Камерон и јас сме среќни, возбудени и неверојатно благословени што го објавуваме раѓањето на нашето трето дете, Наутус Маден. Добредојде на светот, сине! Го сакаме животот со нашето семејство – нашите деца се здрави и среќни и сме благодарни за тоа! Се забавуваме одлично. Им испраќаме најдобри желби на сите – напиша Бенџи на Инстаграм во име на „семејството Маден“, додека Камерон сподели во коментарите серија емотикони во форма на срце.
Објавата беше придружена со слика од брод и објаснување на симболиката на името на момчето: „Морнар, навигатор, патник. Оној што тргнува на патување и не се плаши од непознатото“.
Инаку, Дијаз и нејзиниот сопруг кои се во брак од 2015 година, веќе се родители на ќерката Радикс, родена преку сурогат мајка во 2019 година – наводно по години лекување на неплодност. Тие го имаат и синот Кардинал, роден во март 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Benji Madden (@benjaminmadden)

Поврзани содржини