Индустријата носи пари, а политиканството „трачарење“!

Главниот совет е во разрешување на дилемата зошто се изнесува од Македонија и би се преработувал во САД. Моето мислење е следно. Сакаме да бидеме доверлив партнер посебно во безбедносната и економската сфера со САД и не можеме да нудиме само хистерија, туку мораме да понудиме и многу знаење и образовен кадар.

83

Последен поздрав на проф.др. Јон Магдески кој беше редовен професор на институтот за преработувачка металургија Технолошко-металуршки Факултет, има и еден мандат декан на факултетот. Ги предаваше предметите Металургија и метални материјали, физичка металургија 1, Физичка металургија 2, Термичка обработка, Синтерувани метални материјали, Специјални челици како и други предмети. Досега имаше напишано и објавено 19 научни трудови. Ми беше чест и задоволство да Ве познавам 30 години. Почивајте во мир.

Откако се најави отворање на рудникот за антимон од досега сите кои излегоа во јавноста со тенденциозни најави дека ќе се создаде еколошка бомба и создавање на уште едно критично хидројаловиште не слушнав дека некој знае дека антимонот прв го опишал Ваночо Бирингучо во 1540 година.

Замислете да ги прашаме дали знаат за Ван дер валсов полупречник што значи и дека тоа за антимонот е 206 пм, дека има кристална структура ромбо едрална, магнетното подредување е дијамагнетно или пак дека има Мосова тврдина 3. Инаку е откриен 3000 година п.н.е.

За да знаеме геополитички каде се наоѓа овој договор со САД за негово искористување од наш рудник, мора прво да знаеме дека одреден најголем произведувач на антимон и неговите соединенија е Кина, пришто најголем производител е рудникот Ксихуаншен во Хуан. Најголемата негова примена е во легурата со олово и калај и се употребува во оловно-антимонските плочи во акумулаторите, и дека легурите на олово и калај ги подобриле својствата на лемилата, куршумите и лизгачките лагери. Најновата примена на антимонот е во микроелектрониката.

На легитимните прашања од страна на заинтересирани групи геолозите, рударите и металурзите би ги дале следниве соодветни одговори: Кога ќе видиме за колкави количини на антимон има во соодветното рудно наоѓалиште можеме да дадеме прикладен одговор. Засега немаме документ.

Понатаму одговорот иде и во следнава насока мора да видиме дали има и останати метали како што се злато, сребро, олово, цинк и др, за да знаеме каков совет на државата пред се и на Општината Крива Палнка би дале.

Главниот совет е во разрешување на дилемата зошто се изнесува од Македонија и би се преработувал во САД. Моето мислење е следно. Сакаме да бидеме доверлив партнер посебно во безбедносната и економската сфера со САД и не можеме да нудиме само хистерија, туку мораме да понудиме и многу знаење и образовен кадар.

Затоа апсолутно се сложувам со изјавата на премиерот Мицковски дека заврши времето за ситни проекти од областа на екологијата и ситното политиканство со сеење страв од страна и на политичките партии кои мислат дека така се добиваат избори. Ние кои сакаме индустрија велиме дека имаме 100 милијарди евра закопани во земјата пред се во бакар и злато и останати метлични и неметалични рудни богатства и можеме да бидеме респектабилен фактор за инвестирање во нашата држава за да добиеме безбедносен и економски мир. Се друго за мене е класично политиканско трачарење.

Хистеријата која ја нудат соодветни здруженија на граѓани и политички партии ќе го пренесам преку два примера кои се случија или случуваат на територија на Општина Крива Паланка.

Првиот е сo инцидентот со рудникот Тораница. Соодветна еколошка партија и уште неколку еколошки здрженија соопштија дека пукнала хидројаловишната брана на рудникот. Ова е најголемата измама во последниве години. Прво не пукна браната туку пукна цевка со техничка вода. За таква измамa постои кривично дело кое е многу страшно кога се продуцираат информации преку јавни гласила, а кои значат ширење на дезинформации кои доведуваат до паника помеѓу граѓаните. И најчесто се користеше дека има цијанид во водата во Kрива река која тече низ градот.

Ги замолувам од оваа еко партија да ни кажат бар две личности од здружението на хидројаловишни брани ако знаат. Еве да им помогнам едната е од Градежен Факултет и другата е од Институтот за земјотресно инжинерство. За заклучокот кој го донеле на средбата каде учествувале поголем број институции знам дека немаат капаците да го прочитаат, а не пак да го разберат.

Па токму оваа партија донесе член на закон кој предвидува користење на цијанид во истоимениот рудник и плус сите хидројаловишни брани да влезат во законот за минерални суровини зошто знаат дека има ретки метали. Значи манипулираат за ситни поени.

Сега идеме на другата партија. Таа пак заборавила дека нејзиниот министер за животна средина и просторно планирање на денот на рударите претходно го прогласи рудникот за пример во Македонија, пап потоа во емисија на национална телевизија му соопшти на директорот со сериозен цинизам и потсмев дека знае дека користат цијанид. Па што правевте вие министре во време на Вашето владеење, м?

И за на крај повторно на истата телевизија истата личност ни соопшти без никакво познавање дека тоа ќе било еколошка бомба. На сето тоа се приклучи и претседателот на партијата со заклучок дека градоначалникот не смее да соработува со премиерот зошто бил од нивна партија и дека нема капацитет да контролира 10 крави, а не пак рудник.

Се извнувам ама и јас има разговор со градоначалникот. Единствено што побара е да се консултира со научно-образовни институции и беше видно загрижен за 400 вработени во рудникот Тораница.

Градоначалникот доби совет како да наплаќа рудна рента во иднината за да има пари како да се грижи он и неговите наследници за општината, а не ко Вас ситни трачарски политиканти и лажни еко активисти кои не гледате подалеку од носот.

П.С. На времето рударите за денот на трудот добиваа гајба пиво и половина јагне, а за денот на рударите 13 плата. Тие со нивните пари Ви изградија држава.

Да живее Македонија!

Поврзани содржини