СДСМ И ФИЛИПЧЕ ЛАЖНО СЕ ПРОДАВААТ КАКО ЕВРОПСКА ОПЦИЈА Најблиски соработници им се криминални проруски бизнисмени

СДСМ е партија на криминал и криминалци во своите редови и, додека се продаваат како европска опција, најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени, пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

56

Двојните стандарди на СДСМ и на Веко Филипче, како и контрадикторностите во нивното политичко дејствување, не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина, оценува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Дека СДСМ и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДСМ се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација.

СДСМ на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки и изјави постојано ја доведуваат во прашање таа определба.

СДСМ на чело со Филипче само декларативно се залага за Европа додека шири лаги, конструкции и свесно погрешно интерпретира ставови од европски претставници како случајот со Томас Вајц обидувајќи се да креира хаос, недоверба и да шири паника.

СДСМ е партија на криминал и криминалци во своите редови и, додека се продаваат како европска опција, најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени.

Реториката на Филипче се коси со европските вредности особено кога нивните ставови се во спротивност со пораките и позициите на европските институции и претставници, па веднаш се демантирани.

Филипче нема кредибилитет, тој само слепо го следи неговиот ментор Заев со кој е поврзан и преку бизнис шеми со лица кои имаат проруски интереси. Релациите на Филипче и СДСМ со лица кои имаат проруски интереси ги доведуваат во прашање вистинските приоритети на СДСМ и насоката каде се движи партијата.

Граѓаните заслужуваат јасна, доследна и кредибилна европска политика основана на јасни резултати, а не политички пораки на СДСМ кои се менуваат во зависност од личните интереси на Филипче и кланот Заеви.

Само со реформи, конзистентност и владеење на правото и правната држава се гради доверба и реален напредок кон Европската Унија, СДСМ и Филипче тоа не го нудат“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Поврзани содржини