ТРАМП Е ВО ПРАВО РАЗОЧАРАН ШТО НЕ Е СКЛУЧЕН ДОГОВОРОТ ЗА ЦАРИНИ СО ЕУ Мерц апелира Европа што поскоро да се договори

Трамп во петокот изјави дека планира да ги зголеми царините за автомобили и за камиони увезени од ЕУ на 25 отсто од следната недела, а како причина го наведе неуспехот на блокот да се придржува до договорената трговска рамка.

367

Планираните повисоки царини што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили од ЕУ се насочени кон Европската Унија како целина, а не конкретно кон Германија, вели германскиот канцелар Фридрих Мерц.

– Тој сака да биде насочен кон цела Европа – вели Мерц.

Тој додава дека Трамп е „во право што е донекаде разочаран“ што не е склучен договорот за царини од август 2025 година меѓу САД и ЕУ.

– Отпорот кон договорот остана во Европскиот парламент – рече тој.

Мерц вели дека Трамп станува нетрпелив, бидејќи од европска страна продолжуваат да се поставуваат нови услови.

– Американците се подготвени, а Европејците не се. Затоа се надевам дека можеме да постигнеме договор што е можно побрзо – рече германскиот канцелар.

Во август 2025 година претседателот Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен се согласија за рамка со која царините се ограничуваат на 15 проценти за повеќето стоки од ЕУ увезени во САД, вклучувајќи автомобили и автоделови.

Трамп во петокот изјави дека планира да ги зголеми царините за автомобили и за камиони увезени од ЕУ на 25 отсто од следната недела, а како причина го наведе неуспехот на блокот да се придржува до договорената трговска рамка.

Поврзани содржини