КАЦИГАТА Е НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ Дури 113 мотоциклисти казнети за еден ден во Скопје!

Полицијата санкционираше десетици возачи поради неносење кацига, дозволи и несоодветна регистрација. Еден мотоциклист е приведен за безобѕирно возење.

153

Полицијата санкционираше 113 возачи на мотоцикл во вчерашната акција во Скопје. Контролите открија низа прекршоци, од возење без кацига до управување без соодветна дозвола.

Четворица возачи биле казнети поради несоодветна категорија за управување. Дополнително, 17 санкции се изречени за управување велосипед со помошен мотор без возачка потврда, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од прекршоците се однесуваат на безбедноста. Дури 45 возачи биле фатени без заштитна кацига.

Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли. Три санкции следувале за неносење сообраќајна дозвола. Полицијата изрекла две казни за движење по несоодветна површина. Уште две за незастанување на даден знак.

Дополнително, 37 мерки се изречени за други прекршоци.

Еден возач бил лишен од слобода за безобѕирно управување возило. Делото е санкционирано по член 297-а од Кривичниот законик.

Акцијата ја спроведе Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје. Контролите се одвивале во периодот од 12:00 до 20:00 часот.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата“, соопшти МВР на Фејсбук.

Поврзани содржини