📽️ ЗЕЛ 88.000 ЕВРА ЗА ЛАЖНО ЛЕКУВАЊЕ, ЖЕНАТА ПОЧИНАЛА Прилепчанец ветувал дека ќе помогне, но излажал

Осомничениот со месеци убедувал дека ќе организира лекување во странство, додека оштетениот уплаќал илјадници евра.

456

44-годишен маж од Прилеп е приведен на граничниот премин Табановце под сомнение дека измамил лице од Валандово за повеќе од 88.000 евра, ветувајќи му лажно лекување во странство за неговата сопруга.

Како што информира полицијата, станува збор за Б.К., кој бил уапсен по координирана акција на криминалистичката полиција во соработка со СВР Струмица и ОВР Валандово.

Според истрагата, измамата се случувала во периодот од јули до ноември 2025 година. Осомничениот го довел во заблуда оштетениот, убедувајќи го дека ќе организира лекување во странство за неговата сопруга. Верувајќи во тоа, мажот во повеќе наврати уплатил вкупно околу 88.300 евра.

Во меѓувреме, жената починала, а ветеното лекување никогаш не било реализирано.

По апсењето, осомничениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Гевгелија, кој му одредил мерки за претпазливост додека трае постапката.

Поврзани содржини