ДО КАДЕ МОЖЕ ОВА РАКОВОДСТВО ДА ГО ПОТОНЕ СДСМ? Софија Куновска открива дека секогаш можело подолу
Софија Куновска, поранешна пратеничка и претседателка на Градската организација на СДСМ за Скопје во објава на социјалната мрежа Фејсбук исклучително критички ја оцени работата на актуелното раководство на опозициската партија.
„Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало…“, напиша Куновска на својот профил на Фејсбук.
Нејзините коментари дојдоа во момент кога во Собранието се одржува седница на која се поставуваат пратенички прашања.