ПРОТЕСТ ЌЕ ГО БЛОКИРА СООБРАЌАЈОТ ВО СКОПЈЕ Апел од полицијата да се почитува режимот на сообраќај
ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Посебен режим на сообраќај ќе има утре (01.05.2026) од 11 часот поради протест во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
Протестот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на улицата Мирче Ацев бр.4 со движење лево по улицата Филип 2 Македонски, десно по улицата 11 Октомври, право по улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден до пред зградата на Владата.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по горенаведените сообраќајници во град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците.
ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд (1.05.2026 година – 03.05.2026 година) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
На 01.05.2026 година (петок) и 03.05.2026 година (недела), дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар од 08:00 – 14:00 часот.
Во сабота (02.05.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 13:00 часот).