🎥 ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА Се оформува делницата од Бељаковце до Крива Паланка

Следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на изведувач за делницата Крива Паланка-граница со Бугарија, соопшти Министерството за транспорт.

174

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел од Коридорот 8 се реализира со засилена динамика, објави директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски.

„Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34 километри. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежните активности“, објави Ивановски на својот профил на Фејсбук.

Министерството за транспорт соопшти дека е објавен јавниот повик за надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија. Следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на изведувач за делницата Крива Паланка-граница.

„Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8, како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот“, соопшти Министерството за транспорт.

Поврзани содржини