📽️ „ПОГЛЕДНИ ГО КОЛКУ Е УБАВ!“ Трамп откри што му велела мајка му за Чарлс
Американскиот претседател Доналд Трамп, покрај пораките за сојузништво, сподели и лична приказна за својата мајка и нејзината симпатија кон кралот Чарлс.
Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека британското кралско семејство во Белата куќа, каде што во говорот ја нагласи „вековната врска“ меѓу САД и Велика Британија, но и сподели лична анегдота која го привлече вниманието на јавноста.
Обраќањето го започна со зборовите „Каков прекрасен британски ден“, осврнувајќи се на историските врски меѓу двете земји – од Магна Карта до Американската војна за независност.
– Пред да имаме нација или устав, имавме култура, карактер и вера. Тоа доаѓа од мало, но моќно кралство преку морето – рече Трамп, додавајќи дека Американците „немаат поблиски пријатели од Британците“.
The President and First Lady host a State Arrival Ceremony on the South Lawn of the White House, drawing upon a tradition that dates back to the 18th century. 🇺🇸🇬🇧 pic.twitter.com/kJCWRkT5XY
— The White House (@WhiteHouse) April 28, 2026
„Мајка ми беше вљубена во Чарлс“
Во поопуштен дел од говорот, Трамп зборуваше за Крал Чарлс III, пофалувајќи го неговиот акцент и нарекувајќи го „сладок“.
– Мојата мајка беше вљубена во Чарлс. Можете ли да верувате во тоа? Таа го обожаваше кралското семејство – рече Трамп, додавајќи дека како дете често ја слушал како со воодушевување ги следи на телевизија.
Тој се присети дека секогаш кога Кралица Елизабета II се појавувала во јавноста, неговата мајка стоела покрај телевизорот и со восхит коментирала.
A powerful and beautiful speech by President Trump 🇺🇸🇬🇧
“Our ancestors would surely be filled with awe and pride that the Anglo-American revolution in human freedom was never, ever extinguished but carried forward across centuries, across oceans and across history until it… pic.twitter.com/insOxCAsLT
— Alex Armstrong (@Alexarmstrong) April 28, 2026
Почит за кралицата Елизабета II
Американскиот претседател ѝ оддаде почит и на покојната кралица Елизабета II, потсетувајќи на дрвото што таа го засадила во Белата куќа во 1991 година.
= Тоа беше мало дрво тогаш, а погледнете го денес. Како и САД – засадено од британски раце на американска почва – рече Трамп.
Средба зад затворени врати
По церемонијалниот дел, Трамп и кралот Чарлс заедно излегоа на балконот на Белата куќа, каде што го следеа воениот протокол и им мавтаа на присутните.
Подоцна, според најавите, двајцата лидери одржаа билатерална средба зад затворени врати, на која се очекуваше да разговараат за клучни прашања од заеднички интерес.