📽️ УКРАИНСКИ НАПАД ПРЕДИЗВИКА „РУСКИ ЧЕРНОБИЛ“ Градот Туапсе прогласи еко-катастрофа откако заврна црн дожд

По новите украински напади врз рафинеријата во Туапсе во Русија, се проширила нафтена дамка од 77 километри. Жителите пријавуваат загаден воздух, „црн дожд“ и масовно умирање на животни.

1,045

Украински напад врз руски град на Црното Море предизвика нафтена дамка во радиус од 77 километри. Градот Туапсе прогласи еколошка катастрофа. Мртви се делфини, а загадени се почва и вода.

Проруски канали ја споредиле ситуацијата со најтешките катастрофи во историјата.

„Ова е Хирошима, само без зрачење“, објавиле канали на Телеграм.

„Земјата, водата и воздухот се отруени“, напишал еден воен коментатор.

Илјадници кубни метри загадена почва и вода биле собрани, но загадувањето продолжува.

„Во некои области паѓа црн дожд, а воздухот е загаден со опасни честички“, се наведува во извештаите.

Измерени се високи нивоа на бензен, ксилен и саѓи. Предизвикан е нов пожар во рафинеријата, која веќе била тешко оштетена во претходни напади.

Станува збор за трет удар од украинските сили за помалку од две недели. Производството во објектот било прекинато.

Жителите пријавиле силни експлозии по 2 часот наутро. Пламен и густ чад се издигнале над градот.

„Пожарот е предизвикан од остатоци од дрон и нема жртви“, соопштиле регионалните власти.

Во гаснењето учествувале повеќе од 120 припадници на службите и десетици возила.

Еколошката штета станува сè поголема. На бреговите се пронајдени мртви делфини, риби и птици.

Граѓаните на социјалните мрежи ја обвинуваат власта дека ги минимизира последиците.

„Луѓето гледаат сè, зошто велите дека се само остатоци?“, реагирал еден корисник.

Туапсе е важен индустриски и пристанишен град на Црното Море. Преку него се извезуваат нафтени деривати и суровини.

Рафинеријата е меѓу најголемите во Русија. Има капацитет од околу 12 милиони тони годишно.

Поврзани содржини