СВЕДОК НА НОТАР ПРИЗНАЛ ДЕКА ИЗЛАЖАЛ ЗА 27 АПРИЛ? Јане Ченто откри што се крие во кривичната за Рускоска

Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ. Дополнително постои вештачење од овластен судски вештак од телефони кои ја поткрепуваат изјавата од сведокот заверена на нотар, изјави осудениот Јане Ченто и го повика Јавното обвинителство да ја разгледа пријавата за екс-јавната обвинителка Вилма Рускоска.

725

Доказите укажуваат дека висок функционер и еден од клучните сведоци во случајот „27 април“ биле во комуникација, како и брат на висок функционер и сведок, изјави Јане Ченто, еден од осудените во случајот.

Ченто ја тужи поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за попречување на правдата и за злоупотреба на службената положба за случајот со крвавиот упад во Собранието од 2017 година.

Тој вели дека е обезбедена изјава од еден од сведоците заверена на нотар дека дал лажен исказ во постапката.

– Сведокот со изјава заверена на нотар изјавува дека неговиот претходен исказ даден во постапката бил невистинит и дека на истиот му било ветено дека ќе му се помогне во други кривични постапки доколку даде таков исказ. Дополнително постои вештачење од овластен судски вештак од телефони кои ја поткрепуваат изјавата од сведокот заверена на нотар. Го повикувам Јавното обвинителство да ја разгледа пријавата и доказите темелно. Јавноста има право да знае, а институциите имаат обврска да постапат – вели Ченто најавувајќи дека кривичната пријава е само првиот чекор во борбата за вистината за тоа како била водена истрагата за познатиот случај.

Според Ченто веќе постои основа за сомнение.

– Кога имате заверени искази на нотар, кога се признава дека лажно се сведочело и кога имате јавно признание за притисок врз судија поротник тогаш ова не е веќе политичка тема. Ова не е обичен случај, ова е случај во кој имаме основано сомнение дека се користеа незаконити докази се вршеше притисок врз сведоци и се донесе пресуда врз основа на монтирана постапка.

Ченто истакнува дека откако доказите биле одбиени од Кривичниот и Апелациониот суд со кривичната пријава има нова шанса истите да влезат во постапка.

Богдан Илиевски, кој во постапката беше опфатен со Законот за амнестија, за случајот изјави:

– По наше гледање работата е сто: нула.

Уште 15 други лица во 2019 година добија високи затворски казни под обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок“ а во предметот „27 април“ поврзан со упадот во Собранието. Предметот го судеше судијката Добрила Кацарска, сега судијка во Уставниот суд.

Дел од обвинетите во случајот добија амнестија со законот кој беше донесен во Собранието кон крајот на 2018.

Поврзани содржини