СТАБИЛНА Е СОСТОЈБАТА СО НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ Мицкоски вели дека ако состојбата се промени, ќе се смени и стратегијата

Премиерот тврди дека државата во овој момент не гледа во синџирот на снабдување било какви предизвици, но доколку се случи таков предизвик навремено ќе се подготви нова стратегија.

72

Состојбата со нафтата и нафтените деривати, дизел горивата, безоловните бензини, керозинот и т.н, е исклучително добра. Како држава во овој момент не гледаме во синџирот на снабдување било какви предизвици, но доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе подготвивме нова стратегија, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

– Во постојана комуникација сме со снабдувачите и од тој аспект не гледаме опасност за нашите граѓани и за нашите бизниси. Има доволно количини и во државните резерви, но и во цевководот кој што го поврзува солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој што ќе е функционален и оперативен. Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси. Зголемена е потрошувачката во одредени пикови на денови и до 30%, поради тоа што голем број на граѓаните од соседните земји доаѓаат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и западната граница, затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива – рече Мицкоски.

Тој посочи дека кај соседите нафтените деривати се поскапи од 0,30 до 0,70 евро по литар.

– Кај нашиот јужен и западен сосед цената доаѓа за дизел горивото во висина од 2,2 евра по литар, а кај нас е на 1,52- 1,53, значи повеќе од 06 до 0,7 евра по литар поевтино, и исто така на северната граница, во Србија некаде 1,80 дизелот што е од прилика 0,30 центи поевтино – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека доколку се случат некакви предизвици навремено ќе се донесат мерки.

– Во овој моментот не гледаме опасност. Од керозинот кој што го извезуваме, неколку аеродроми во регионот добиваат керозин, таков е приштинскиот и неколку други. Во овој момент, факт број еден е, граѓаните користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега за сега не гледаме не гледаме никаков предизвик кој што е поврзан со недостиг. Доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија – рече Мицкоски.

Поврзани содржини