ТЕШКО ПОВРЕДЕН ПЕШАК ВО ЦЕНТАР Автомобил удри човек во Скопје
Несреќата се случила на крстосница во центарот на градот, увид изврши полицијата.
Пешак е тешко повреден откако бил удрен од автомобил на крстосницата меѓу булеварите Мито Хаџивасилев – Јасмин и Св. Климент Охридски во Скопје.
Според информациите од полицијата, автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, управуван од 41-годишен возач од Скопје, удрил во 52-годишен пешак.
Повредениот пешак бил пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а се работи на расчистување на околностите под кои се случила сообраќајката.