УДРИЛО СТРУЈА ВО ШТАЛА, УГИНАЛО ЕДНО ЖИВОТНО Тешко повредена жена пренесена во 8 Септември на лекување
По инцидентот жената била пренесена во болница, а угинало и домашно животно.
Жена е повредена од струен удар во штала во скопското село Кондово, а при инцидентот угинало и домашно животно.
Според пријавата во полицијата, несреќата се случила попладнето, кога 48-годишната жена добила струен удар додека била во објектот. По инцидентот, таа била пренесена во Градска општа болница 8 Септември, каде ѝ била укажана лекарска помош.
Од струјниот удар, според информациите, угинало и едно домашно животно. Полицијата презема мерки за утврдување на околностите под кои се случил случајот.