ЈАПОНИЈА ИМ НУДИ 10 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АЗИСКИТЕ ЗЕМЈИ ДА КУПАТ ЕНЕРГЕНСИ На тој начин ги одржува синџирите на снабдување на сопствената индустрија

Најавувајќи го планот за помош, премиерката Санае Такаичи рече дека помошта ќе биде еквивалентна на дури 1,2 милијарди барели нафта, што е приближно годишниот увоз на сурова нафта на Здружението на земјите од Југоисточна Азија (ASEAN).

118

Јапонија подготвува финансиски пакет вреден околу 10 милијарди долари за да им помогне на група азиски земји во набавката на енергетски производи и зголемувањето на залихите.

Поддршката треба да спречи негативни последици за јапонските синџири на снабдување и главно ќе се обезбеди преку државни финансиски институции, вклучувајќи ја Јапонската банка за меѓународна соработка (JBIC) и Nippon Export and Investment Insurance (NEXI).

Најавувајќи го планот за помош, премиерката Санае Такаичи рече дека помошта ќе биде еквивалентна на дури 1,2 милијарди барели нафта, што е приближно годишниот увоз на сурова нафта на Здружението на земјите од Југоисточна Азија (ASEAN).

-Тесно сме поврзани со азиските земји преку синџири на снабдување и други канали и зависиме едни од други. Поддршката на синџирите на снабдување на азиските земји, пак, би ја зајакнала јапонската економија – рече Такаичи.

Планот вклучува кредитирање на локалните компании за набавка на алтернативни ресурси, како што е суровата нафта од САД, како и финансирање и кредитирање на компании и влади кои се дел од јапонскиот синџир на снабдување. Вклучена е и поддршка за диверзификација на изворите на енергија и зголемување на снабдувањето на земјите-партнери преку изградба на резервоари за складирање.

Земјите од Југоисточна Азија имаат помалку нафта на залиха од Јапонија, па затоа снабдувањето со деривати, вклучително и суровини за производство на пластика, е сè поретко.

Прекинот во производството во Југоисточна Азија предизвика загриженост кај јапонските даватели на здравствени услуги кои се потпираат на Азија за клучни залихи како што се контејнери, цевки и ракавици. Според јапонската Агенција за природни ресурси и енергија, Азија е дестинација за приближно 90% од суровата нафта што поминува низ Ормускиот теснец.

Јапонската влада објави и дека планира да ослободи уште 36 милиони барели од стратешките резерви на нафта од почетокот на мај.

Поврзани содржини