РАЗБОЈНИШТВО КАЈ ФОНТАНАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК Четворица уапсени, со нож им зеле пари на малолетници

Четворица осомничени се уапсени по разбојништво во Градскиот парк во Скопје. Малолетници биле нападнати со закана со нож, а случајот ќе добие судска разрешница.

328

Во близина на фонтаната во Градскиот парк во Скопје, четири лица со закана со нож одзеле пари од малолетници, по што полицијата веднаш реагирала и ги привела осомничените.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил околу 21 часот.






Полицијата брзо презела мерки. Осомничените се приведени во Полициската станица Центар. Станува збор за две полнолетни лица и двајца малолетници.

Поврзани содржини