ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи сличајот, апелира ВМРО-ДПМНЕ

И додека СДСМ и Филипче не даваат конкретни одговори во врска со Заев и поткупот од Дака, Заев инвестира во плантажи во Африка. И покрај сите скандали, СДСМ и Филипче сè уште не се дистанцираат од Заев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

316

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев ги инвестирал во Африка и во Дубаи, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали на Зоран Заев му бил ветен процент од продажбата на станови во Тетово? Дали е точно дека на Заев му бил ветен удел од продажбата на станбените единици што Дака планирал да ги гради во Тетово, проект вреден околу 200 милиони евра? Покрај наводните 4 милиони евра, за кои Дака тврди преку аудио снимки објавени на социјалните мрежи дека биле дадени како поткуп, дали Заев требало да добие и дополнителен процент од продажбата на околу 2.000 станови“, прашува партијата.






Дали токму поради тоа СДСМ и ДУИ, веднаш по формирањето на владата во 2020 година, направиле измени во деталниот урбанистички план во Тетово, со цел да му се овозможи на Дака реализација на овој градежен проект, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека СДСМ и Филипче не даваат конкретни одговори во врска со Заев и поткупот од Дака, Заев инвестира во плантажи во Африка. И покрај сите скандали, СДСМ и Филипче сè уште не се дистанцираат од Заев“, се вели во соопштението.

Неопходна е одговорност и секој кој го прекршил законот да одговара, се додава.

„Јавното обвинителство и надлежните институции да го испитаат овој случај“, апелира ВМРО-ДПМНЕ.

НАМЕСТО 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА, ДАКА ПЛАТИЛ САМО 1,1 МИЛИОН ЕВРА ЗА 7.743 КВАДРАТИ ВО ШИК ЈЕЛАК Ќе градеше 2.000 станови, бладодарение на СДСМ и ДУИ, ама ВМРО-ДПМНЕ го спречи

 

Поврзани содржини