НАМЕСТО 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА, ДАКА ПЛАТИЛ САМО 1,1 МИЛИОН ЕВРА ЗА 7.743 КВАДРАТИ ВО ШИК ЈЕЛАК Ќе градеше 2.000 станови, бладодарение на СДСМ и ДУИ, ама ВМРО-ДПМНЕ го спречи

На прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ-Дака, кој е на црната листа на САД, на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак во Тетово, Зоран Заев и Али Ахмети му договорија да гради 2.000 станбени единици, деловни простории и трговски центри, во вредност која надминуваше над 200 милиони евра, со измена на ДУП, ден после формирањето на старо-новата влада на СДСМ и ДУИ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.