ПУКАЛ, СЕ СНИМАЛ, ПА САКАЛ ДА СЕ ПОФАЛИ Жител на Чашка доби кривична пријава

Полицијата му поднесе кривична пријава за предизвикување општа опасност.

76

Жител на општина Чашка заработи кривична пријава откако на социјални мрежи објавил видео во кое пука со огнено оружје во сопствениот двор.
Станува збор за 58-годишник, против кого велешката полиција поднесе пријава за предизвикување општа опасност.
На снимката, која сам ја споделил, се гледа како испукува куршуми во воздух, со што сериозно ја загрозува безбедноста.
Случајот е целосно документиран и доставен до надлежното обвинителство, се вели во билтенот на МВР.

 

Поврзани содржини