РУСКАТА „РОСАТОМ“ ЌЕ ЕКСПЛОАТИРА СТРАТЕШКИ МИНЕРАЛИ ВО БРАЗИЛ Потпиша договор со бразилска компанија за заедничко вложување

Партнерите ќе ја основаат компанијата „Надина Минералс“, која ќе се занимава со екстракција и преработка на стратешки минерали во Бразил

60

Руската компанија „Росатом“ објави дека се договорила со бразилската компанија „НБЕПар“ за формирање заедничка компанија за екстракција и преработка на стратешки минерали во Бразил.

Партнерите ќе ја основаат компанијата „Надина Минералс“, која ќе се занимава со екстракција и преработка на стратешки минерали во Бразил, соопшти руската компанија.






Како дел од нивните заеднички активности, „Ураниум Уан Груп“ која е дел од „Росатом“ и „НБЕПар“ имаат намера да ги добијат потребните дозволи и да извршат геолошки тестови на потенцијални локации. Врз основа на резултатите од тестовите, партнерите потоа ќе воспостават модерни капацитети за екстракција и преработка на метали кои се клучни за развојот на високотехнолошките индустрии.

Во последните години „Росатом“ активно развива соработка со Бразил во секторот за циклус на нуклеарно гориво.

Во октомври 2022 година „Росатом“ и бразилската „ENBPara“, државна компанија поврзана со Министерството за рударство и енергетика, потпишаа меморандум за разбирање, согласувајќи се за продлабочување на соработката, според извештајот на специјализираниот портал World Nuclear News.

Истата година, компанијата TENEX склучи договор со бразилската INB за снабдување со збогатен ураниум на нуклеарната централа Ангра од 2023 до 2027 година.

„Росатом“ веќе неколку години е еден од главните добавувачи на изотопски производи за потребите на бразилската нуклеарна медицина, истакнува рускиот весник.

Во 2023 година, извршниот директор на компанијата Алексеј Лихачев го вклучи Бразил во групата земји заинтересирани за пловечки електрани.

„Ураниум Уан Груп“ која е потписник на договорот како дел од Росатом е една од најголемите компании за рударство на ураниум во светот, со проекти во Казахстан, Танзанија и Намибија.

„НБЕПар“ е првата приватна бразилска компанија што се занимава со нуклеарна енергија. Основана е во 2024 година како дел од „Дијаманте Груп“, голема бразилска компанија за рударство и енергија.

Поврзани содржини