ИРАК СЕ ЗАКАНИ ДЕМА НЕМА ДА МОЛЧИ ПО НАПАДОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА ВОЈНИЦИ Багдад ги обвини САД дека ракетирале воена болница

Потврдуваме дека владата и вооружените сили го поседуваат правото да одговорат со сите достапни средства во согласност со Повелбата на Обединетите нации. Нападот му штети на односот што ги поврзува народите на Ирак и Соединетите Американски Држави, соопшти кабинетот на ирачкиот премиер.

260

Ирак соопшти дека неговите вооружени сили „нема да молчат“ по вчерашниот воздушен напад во кој загинаа војници на локација за која се тврди дека припаѓа на коалиција од проирански милиции, кои се дел од ирачката војска.

Kабинетот на ирачкиот премиер на Икс објави дека покрај обидите на Ирак да остане надвор од војната во Иран,  „осудените напади насочени кон нашите воени единици продолжија, од кои последниот се случи утрово со предавничка агресија врз воената клиника Ал-Хабанија, која е под надлежност на Министерството за одбрана“.






Фото: Принтскрин

 

Според „Ал џезира“, нападот бил насочен кон позициите на Силите за народна мобилизација (ПМФ), кои се дел од редовните вооружени сили на Ирак, но вклучуваат бригади кои им припаѓаат на групи поддржани од Иран. ПМФ ги обвинуваат САД за нападот, во кој загина еден од нивните команданти и уште 14 други борци на ПМФ.

„Потврдуваме дека владата и вооружените сили го поседуваат правото да одговорат со сите достапни средства во согласност со Повелбата на Обединетите нации. Нема да молчиме пред светоста на крвта на нашите херојски маченици. Нападот му штети на односот што ги поврзува народите на Ирак и Соединетите Американски Држави“, соопшти кабинетот на ирачкиот премиер.

Ирачкиот премиер Мохамед Шиа Ал-Судани изјави дека неговото министерство за надворешни работи ќе му врачи на американскиот вршител на должност амбасадор „официјална протестна нота со остар тон, која ја вклучува нашата цврста и непоколеблива позиција за зачувување на ирачкиот суверенитет и ги осудува неодговорните постапки што доведоа до ова гнасно злосторство“.

Ирак, исто така, ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН.

Поврзани содржини