НАПАДНАТИ ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ ВО ИРАН На удар станица за преработка на гас и електроцентрала

Во информацијата на иранскиот медиум се посочува на делумно оштетување на погодените објекти.

383

Два ирански енергетски објекти биле цел на израелско-американски напади, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано најави дека нема да бидат напаѓани иранските енергетски капацитети.

„Во нападите изведени од ционистичкиот и американскиот непријател, цел беа админстративната зграда и станицата за преработка на гас во Исфахан“, пренесуваат светските медиуми информација на агенцијата „Фарс“, единствениот ирански медиум што извести за инцидентот.






Притоа во информацијата се посочува за делумно оштетување на погодените објекти.

Истовремено се јавува и за напад насочен кон гасоводот на електроцентралата кај Хорамшар, пристаниште што се наоѓа во југозападниот дел на Иран.

„Проектил падна близу инсталациите за преработка на гасоводот Хорамшар“, цитира агенцијата изјава на гувернерот на градот што се наоѓа во близина на границата со Ирак.

Не се објавени информации за евентуална штета во тој напад.

Поврзани содржини