ПРЕДИЗВИКАЛ НЕСРЕЌА И ОСТАВИЛ ТЕШКО ПОВРЕДЕН Возач на „бмв“ побегнал, полицијата го бара

Возач на „бмв“ побегнал по судир во Скопје, при што 56-годишен скопјанец се здобил со тешки повреди. Полицијата трага по сторителот.

117

Во несреќа на улицата Методија Андонов – Ченто во Скопје бил тешко повреден возач, додека другото возило побегнало од местото.

Според информациите, несреќата се случила околу 13:30 часот, кога се судриле „фолксваген голф“, управуван од 56-годишниот З.Р. од Скопје, и „бмв“ со кумановски регистарски таблички.






По судирот, возачот на „бмв“-то наместо да остане и да помогне, го напуштил местото и избегал.

Во несреќата, возачот на „голф“-от се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите ја констатирале сериозноста на повредите.

Полицијата веќе презема мерки за пронаоѓање на возачот кој побегнал и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини