ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РИО СТАВИ ЗАБРАНА ЗА ЧАПЕЛ РОАН  По инцидентот со 11-годишната ќерка на Џуд Ло, се огласи и пејачката

Градоначалникот на Рио де Жанеиро не ја сака Чапел Роан во градот откако бразилската фудбалска ѕвезда Жоржињо Фрело ја нападна пејачката и нејзиното обезбедување за наводен агресивен инцидент кој ја довел до солзи неговата поќерка, ќерката на актерот Џуд Ло

135
Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Кавалиере, во саботата објави на X дека 28-годишната американска пејачка Чапел Роан никогаш нема да настапи на Todo Mundo no Rio додека е тој на оваа функција.
Todo Mundo no Rio се серија бесплатни меѓународни музички настани што се одржуваат на плажата Копакабана, а во која главни ѕвезди биле големи ѕвезди како Мадона и Лејди Гага.
Шакира е главна ѕвезда во мај.
Кавалиере напиша: „Мислам дека сè додека сум јас на чело на нашиот град – оваа млада дама @ChappellRoan никогаш нема да настапи на Todo Mundo no Rio! Се сомневам дека Шакира би го направила тоа!“
Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Кавалиере, изјави дека Чапел Роан не е добредојдена во градот откако наводно ја расплакала 11-годишната посвоена ќерка на бразилската фудбалска ѕвезда Жоржињо Фрело, Ада.
– Патем, [Фрело], твојата малечка веќе е почесен гостин во мај! – додава тој, осврнувајќи се на 11-годишната посвоена ќерка на Фрело, Ада.
Фрело го привлече вниманието на јавноста кога објави дека Ада – чиј татко е актерот Џуд Ло – и неговата сопруга (мајката на Ада), Кетрин Хардинг, биле малтретирани од обезбедувањето на Роан во хотел во Сао Паоло, Бразил.
Роан е во земјата бидејќи е главна ѕвезда во Lollapalooza Brazil овој викенд заедно со Сабрина Карпентер и Тајлер, The Creator.
– Мојата ќерка се разбуди исклучително возбудена, затоа што беше толку среќна што ќе види уметник кого навистина го почитува или порано го почитуваше @chappellroan – напиша Фрело на Инстаграм.
Тој тврдеше дека обезбедувањето на Роан се соочило со Ада и Хардинг и им зборувало „на исклучително агресивен начин“ иако Ада само поминала покрај масата на пејачката и не ѝ се приближила.
– Ќерка ми се исплаши и многу плачеше. Искрено, не знам во кој свет само поминувањето покрај маса и гледањето… може да се смета за вознемирување – напиша Фрело кој директно ѝ се обрати на Роан, пишувајќи: „Без твоите обожаватели, ти не би била никој“.
Роан подоцна одговори со своја верзија на настаните и рече дека дотичниот обезбедувач не бил дел од нејзиното лично обезбедување.
– Јас дури и не видов жена и дете, никој не ми пријде – рече таа во видео на Инстаграм.
–  Никој не ме вознемири. Само седев на појадок во мојот хотел. Мислам дека и овие луѓе престојуваа во хотелот. Тие не ми пријдеа. Тие не правеа ништо – појасни таа. Пејачката изјави дека не ги „мрази“ луѓето кои се обожаватели на нејзината музика.
– Не ги мразам децата, тоа е лудо – додаде таа.

На крајот се огласи и поранешната партнерка на актерот Џуд Ло, Кетрин Хардинг:

„Не знам дали е нејзин личен телохранител, но беше со неа и тоа е сè што знам. Сакам да верувам дека таа не го испратила, но јавните личности имаат одговорност за луѓето што работат за нив – истакна Хардинг.

Таа нагласи дека нејзината ќерка не направила ништо несоодветно.

– Немаше телефон, не фотографираше, ништо не направи. Само ја погледна и ѝ се насмевна – рече Хардинг, додавајќи дека обезбедувачот се однесувал „агресивно и заплашувачки“ и ѝ забележал за наводно несоодветно однесување.

Според неа, девојчето, иако расте во семејство познато во јавноста, добро ги разбира границите, но објаснувањата не биле земени предвид.

– Се надевам дека Чапел не знаела за ова. Навистина мислам дека е талентирана уметница и дојдовме во Сао Паоло токму за да ја гледаме неа – тоа беше роденденски подарок. Доживувањето беше нарушено, па не отидовме на настапот – рекла Хардинг.

Таа додаде дека се надева дека ваквите ситуации ќе бидат поука во иднина: „Ако не била вклучена, тогаш можеби ќе научи да не дозволува луѓето што работат за неа да се однесуваат така“.

 

Поврзани содржини