ПОЧИНА ФРАНЦУСКИОТ ПОЛИТИЧАР ЛИОНЕЛ ЖОСПЕН Како премиер воведе историски социјални промени

Еден од најшокантните моменти во неговата кариера беше неговата елиминација уште во првиот круг на претседателските избори во 2002 година, кога заврши на третото место зад Жак Ширак и екстремно десничарскиот кандидат Жан-Мари Ле Пен. По повлекувањето од политиката, Жоспен стана член на Уставниот совет на Франција.

117

Поранешниот француски премиер Лионел Жоспен почина денеска на 88-годишна возраст, објавија француските медиуми.

Медиумите потсетуваат дека социјалистот Жоспен беше премиер од 1997 до 2002 година, а дека се пензионираше од политичкиот живот на 21 април 2002 година.






Жоспен ја предводеше владата на „Плуралистичката левица“ (коалиција на социјалисти, комунисти и зелени) додека претседател беше конзервативецот Жак Ширак.

Неговата влада воведе неколку историски социјални промени, меѓу кои: 35-часовна работна недела, создавање на Пактот за граѓанска солидарност (PACS), со кој за првпат беа признаени граѓанските партнерства, вклучително и за истополови двојки и воведе универзално здравствено осигурување.

Жоспен, роден во Медон на 17 јули 1937 година, двапати беше кандидат на социјалистите на претседателските избори. Еден од најшокантните моменти во неговата кариера беше неговата елиминација уште во првиот круг на претседателските избори во 2002 година, кога заврши на третото место зад Жак Ширак и екстремно десничарскиот кандидат Жан-Мари Ле Пен.

Веднаш по овој пораз, Жоспен се повлече од активната политика. Подоцна, во 2015 година, беше назначен за член на Уставниот совет на Франција.

Поврзани содржини