Територијата на Македонија до крајот на денот ќе се наоѓа под влијание на ладна воздушна маса која се спушта од север. Во исто време ќе бидеме под послабо влијание на циклонски систем со центар над Јонското Море. Во ваква ситуација времето ќе биде претежно облачно, а особено во западните предели ќе има слаби врнежи кои ќе бидат од дожд во градовите и од снег на повисоките места и на планините со надморска височина од над 1000 метри.
Целата прогноза на Попоски може да ја прочитате на следниот ЛИНК.