МОСКВА ГО ОСУДИ УБИВАЊЕТО НА ИРАНСКИТЕ ЛИДЕРИ Повика на прекин на огнот и преговори

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на информирани извори, вчера објави дека Русија ја проширува размената на разузнавачки информации и воената соработка со Техеран.

285

Кремљ денеска го осуди „убиството и елиминацијата“ на иранските лидери во воздушните напади на САД и Израел, еден ден откако полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс потврди дека Али Лариџани, советник на покојниот врховен ирански лидер, ајатолахот Али Хамнеи, е убиен во Техеран.

– Недвосмислено ги осудуваме сите дејствија насочени кон оштетување на здравјето или дури и убивање или елиминација на членови на раководството на суверен и независен Иран, како и раководството на други земји. Ги осудуваме таквите дејствија – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите кога беше прашан за смртта на Лариџани.






Русија, која изгради и помага во работењето на единствената нуклеарна централа во Иран, остро ги критикуваше воздушните напади на САД и Израел врз Иран, нејзиниот близок партнер. Москва повика на прекин на огнот и преговори.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на информирани извори, вчера објави дека Русија ја проширува размената на разузнавачки информации и воената соработка со Техеран, обезбедувајќи сателитски снимки и подобрена технологија за беспилотни летала за да му помогне на Иран да ги таргетира американските сили во регионот.

Песков сугерираше дека веста е лажна.

– Како што знаете, сега циркулираат многу различни извештаи за оваа војна. Огромното мнозинство не се ништо повеќе од дезинформации, па затоа не сметаме дека е потребно да коментираме за секој од нив – рече Песков.

Поврзани содржини