📽️ ДАЛИ ВУЧИЌ ЈА ЗЕДЕ ИДЕЈАТА ЗА СПОТ ОД НЕТАНЈАХУ? Рекламата од 2015 година освоила престижна награда
Во двата спота политичарите ненадејно се појавуваат на врата кај семејства и се претставуваат како луѓе на кои граѓаните можат да се потпрат. Сличноста привлече внимание пред изборите во Србија.
Предизборниот спот на доскорешниот српски претседател Александар Вучиќ привлече внимание поради големата сличност со реклама на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од 2015 година. Двете видеа користат речиси идентично сценарио, во кое политичарот ненадејно се појавува на врата кај семејство.
Вучиќ го објавил својот спот на 10 октомври, во рамките на кампањата на листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“.
Во видеото тој доаѓа кај брачен пар што се подготвува за патување и останува да му прави друштво на постар маж.
– Баравте некого на кого можете да се потпрете – порачува Вучиќ.
Речи претварамо у дела. https://t.co/sxSOmdHjah
— Александар Вучић (@avucic) October 10, 2026
Слична идеја користел Нетанјаху во кампањата на партијата Ликуд пред парламентарните избори во Израел во 2015 година.
Во неговиот спот, млад пар се подготвува за вечерно излегување, а на вратата наместо очекуваната дадилка се појавува Нетанјаху.
– Побаравте дадилка? Добивте Биби-дадилка – вели израелскиот премиер, користејќи го својот прекар.
Спотот на Нетанјаху освоил награда за политичко рекламирање во 2015 година.
Србија се подготвува за вонредните парламентарни избори закажани за 25 октомври.