ИЛИЈАНА ЈОТОВА УПОРНО „БАРА ПРИЕМ“ КАЈ ИВА МИХАЈЛОВА, АМА НЕМА ПОИМ КАКО ВЛЕГЛА ВО БУГАРИЈА!? Бизарно однесување на официјална Софија

Бугарската претседателка вели дека не била однапред известена за пристигнувањето на Михаилова и дека очекува надлежните институции да ги разјаснат околностите, откако македонското МВР соопшти дека во граничниот систем нема евиденција дека таа ја напуштила земјава.

180

Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе се сретне со Ива Михаилова при првата можност, но нагласи дека сè уште има многу неразјаснети околности околу нејзиното пристигнување во Бугарија. Михаилова, која е обвинета во судски процес во Кочани за сообраќајна несреќа со смртни последици, денеска се појави во бугарските медиуми откако ја напушти Македонија и замина на лекување во Софија.

– При прва можност ќе се сретнам со Ива Михаилова. Дури и ако ја задржат во болница, ќе направам сè што е можно за да се видам со неа – изјави Јотова пред новинарите, додавајќи дека очекува да ги види наодите на бугарските лекари од болницата „Пирогов“.






Јотова рече дека за пристигнувањето на Михаилова дознала дури откако излегла од телевизиско студио. Таа потврди дека од неа не било побарано посредување или помош за заминувањето на младата жена во Бугарија.

– Има уште многу неразјаснети околности. Мислам дека и други надлежни органи во Бугарија треба прво да одговорат на прашањата што ве интересираат – рече бугарската претседателка, одговарајќи и на прашањето каква реакција очекува од Северна Македонија.

Реагирајќи на случајот македонското МНР и МТ оцени дека постапувањето на бугарските државни институции во случајот со Ива Михаилова ги поткопува напорите за градење доверба и е спротивно на декларираните заложби за добрососедски односи.

„Приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака. Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите“ – се вели во соопштението на МНР и МТ.

Поврзани содржини