АКЦИИТЕ ГИ ДОБИВА РУСИЈА, А РАФИНЕРИИТЕ ОДАТ ВО РАЦЕТЕ НА АМЕРИКАНСКИ МИЛИЈАРДЕР „Лукоил“ потпиша договор за продажба на имотот во странство

Договорот чека лиценца од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), а неговиот преглед може да потрае поради обемот на меѓународните средства на руската компанија.

1

Американскиот милијардер Тод Боели основач на холдингот „Елдриџ Индастрис“ (Eldridge Industries) потпиша договор со Лукоил за преземање на неговиoт меѓународeн имот. Договорот, постигнат по повеќе од една година преговори, предвидува размена на хартии од вредност на Лукоил во вредност од 10 милијарди долари за имотот на компанијата во странство.

Министерството за финансии на САД, кое воведе санкции врз Лукоил во октомври 2025 година, мора да ја одобри трансакцијата. Договорот чека лиценца од Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC), а неговиот преглед може да потрае поради обемот на меѓународните средства на руската компанија.






Меѓународното портфолио на Лукоил вклучува операции во 11 земји и производство од околу 350.000 барели нафта дневно, во вредност од приближно 16 милијарди долари. Имотот вклучува големи нафтени полиња во Азербејџан и Казахстан, рафинерии во Холандија, Бугарија и Романија, како и мрежа на бензински пумпи, вклучувајќи ги и оние во САД.

Според договорот, американската влада треба да добие дел од идната добивка откако приватните инвеститори ќе го надоместат инвестираниот капитал и ќе постигнат договорен принос.

Американската развојна корпорација DFC, исто така, би имала место во одборот на директори на новата компанија, чие име сè уште не е познато.

Хартиите од вредност на Лукоил што ќе се разменуваат беа купени од американски и британски инвестициски фондови и американски депозитарни банки. Нивната вредност беше отпишана откако акциите беа замрзнати по руската инвазија на Украина во 2022 година.

– Во суштина разменуваме акции што немаат вредност за Американците за парите што ќе ги добијат назад – рече Боли, сопственик на компанијата за управување со средства и осигурување Елдриџ.

Тој додаде дека на овој начин ќе добиеме стратешки важен имот во Средниот коридор, кој ги поврзува Централна Азија и Европа, јужно од Русија и северно од Иран.

Хартиите од вредност ќе бидат депонирани на посебна сметка во Обединетите Арапски Емирати, наместо да бидат предадени директно на Лукоил. Таквиот механизам е предвиден со цел да се добие одобрение од американските власти и да се спречи руската компанија да оствари финансиска добивка од трансакцијата.

Боли рече дека договорот може да потрае и до една година за да се затвори.

Корпорацијата за развој DFC со седиште во САД претходно водеше разговори со Chevron, Glencore и Carlyle Group за евентуално преземање на средствата на Лукоил. Претходните обиди за преземање не успеаја.

Gunvor се повлече по противењето на американскиот министер за финансии Скот Бесант, додека Carlyle не успеа да ја добие потребната лиценца OFAC.

Поврзани содржини