ВЕЧЕРВА УШТЕ 119 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ВРАЌААТ ДОМА Петти организиран лет за евакуација од Блискиот Исток

Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.

59

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека денес е предвидено да се реализира третиот лет од Обединетите Арапски Емирати, што воедно претставува петти организиран лет за евакуација на македонските државјани од погодените земји од Блискиот Исток. Претходно беа реализирани и летови од Шарм Ел Шеик и Ријад.

Предвидено е авионот да полета во 16:00 часот по локално време и да слета во 20:10 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје. До овој момент се пријавени вкупно 147 патници, од кои 119 се македонски државјани, а 28 се странски државјани.






Со реализацијата на денешниот лет, вкупниот број евакуирани македонски државјани ќе достигне 605.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546

Поврзани содржини