ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ЈА ИМАМ ЧЕСТА ДА ЈА ПРЕЗЕМАМ КУБА Трамп фрла искри, се бара смена на Дијаз-Канел?

Шефот на САД изјави дека очекува „чест“ да ја преземе Куба и дека може да прави „што сака“ со островот. Изјавата дојде додека Вашингтон врши притисок врз Хавана. Според „Њујорк тајмс“ се бара смена на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

684

Американскиот Доналд Трамп повторно го разбранува вниманието на светската јавност велејќи дека очекува да ја има „честа“ да ја преземе Куба.

– Верувам дека ќе имам чест да ја преземам Куба. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам со неа – рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.






Изјавата доаѓа во миг кога Куба тоне во тешка енергетска криза, а Вашингтон и Хавана водат чувствителни разговори за иднината на односите.

Трамп им рече на новинарите и дека САД предолго чекале на решавање на кубанското прашање.

Ројтерс и „Гардијан“ објавија дека изјавата дошла додека се случуваат нови контакти меѓу американски и кубански претставници. Според „Њујорк тајмс“, на кој се повикуваат и двата медиума, американската страна во разговорите побарала смена на кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

Таквиот услов во Хавана се чита како директно мешање во внатрешните работи.

Куба, пак, е во турбуленции. Асошиејтед прес објави дека земјата претрпела островски прекин на струјата, трет голем колапс за 4 месеци. Претседателот Дијаз-Канел кажа дека Куба со месеци не добила нафта и дека системот се потпира на стари термоцентрали, гас и соларна енергија. Власта во Хавана вината ја гледа во американскиот притисок и во блокадата врз испораките на енергенси.

Дали спорот со Куба е дел од пошироката стратегија на Вашингтон? Според Ројтерс, администрацијата на Трамп ја засилила линијата кон Куба по драматичните пресврти во Венецуела и по ударите врз Иран.

Државниот секретар на САД Марко Рубио, кој со години застапува тврда политика кон Хавана, се поврзува со барањата за политичка промена на островот.

Претседателот на Куба, Дијаз-Канел, јавно му возврати дека разговори може да има само ако се водат со еднаквост, почит кон политичките системи, суверенитетот и самоопределувањето.

Поврзани содржини