ОБЈАВЕН Е СПИСОКОТ НА ГРАЃАНИ КОИ ДОБИЈА ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ Тече рокот за 4.070 граѓани за нивно подигање

Ваучерите се подигаат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, а потребните документи за подигање на ваучерите се објавени на страната на Министерството за енергетика.

172

Министерството за енергетика го објави списокот на граѓани кои ќе добијат ваучер за купување и вградување инвертер клима уред и соопшти дека од 18 март до 17 април е рокот за нивно подигање.

На списокот се 4.070 граѓани од целата земја.






Ваучерите се подигаат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, а потребните документи за подигање на ваучерите се објавени на страната на Министерството за енергетика.

Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година.

Дополнително Министерството во наредните денови ќе објави и список на компании со кои се склучени договори, каде граѓаните ќе можат да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе избираат клима уред од понудите на овие компании, без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.

Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните кои веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година, и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката.

Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

За дополнителни информации, доколку е потребно, лицата што се стекнале со право можат да се обратат и на следните телефонски броеви 071-391-187 и 071-391 169 и на емаил на министерството.

Поврзани содржини