МАКРОН ГО ПОВИКА ИРАН ДА ГИ ПРЕКИНЕ НАПАДИТЕ Телефонски разговарал со иранскиот претседател

Само нов политички и безбедносен рамковен договор може да гарантира мир и безбедност за сите – му рекол Макрон на иранскиот колега Пезашкијан.

522

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа соопшти дека во разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан упатил повик Иран веднаш да ги прекине нападите врз земјите во регионот на Блискиот Истак, извршени непосредно или преку посредниците во Иран и Либан.

„Го потсетив дека Франција дејствува во строго одбранбена рамка, со цел да ги заштити своите интереси, регионалните партнери и слободата на пловидба, и оти е неприфатливо нашата земја да биде мета“, напиша Макрон во постот објавен на социјалната платформа „Икс“.






Тој истакнува дека неконтролираната ескалација како актуелната го вовлекува целиот регион во хаос, со сериозни последици, и денес и за годините што доаѓаат.

„Цената ја плаќа народот на Иран, како и луѓето во целиот регион. Само нов политички и безбедносен рамковен договор може да гарантира мир и безбедност за сите. Таквата рамка мора да обезбеди Иран никогаш да не стекне нуклеарно оружје, истовремено спротивставувајќи се на опасностите од неговата балистичка ракетна програма и дестабилизирачките активности во регионот и светот“, посочи францускиот претседател.

Макрон уште истакна дека час поскоро мора да биде возобновена слободната пловидба низ Ормускиот теснец.

Поврзани содржини