ЕВРОПА САКА ДА ГО ВИДИ ПУТИН НА КОЛЕНА Белгискиот премиер вели дека без САД тоа не е можно

Де Вевер ги повика земјите-членки на ЕУ да добијат мандат за преговори со Русија, нагласувајќи дека Москва сè уште не е убедена да се откаже од војната во Украина.

243

Европската Унија мора да воспостави дијалог со Москва за решението на украинското прашање, изјави белгискиот премиер Барт де Вевер.

-Договорот со Русија изгледа како единственото можно решение – рече тој во интервју за „Ехо“.






Де Вевер ги повика земјите-членки на ЕУ да добијат мандат за преговори со Русија, нагласувајќи дека Москва сè уште не е убедена да се откаже од војната во Украина.

– Бидејќи не сме во можност да го заплашиме Владимир Путин со испраќање оружје во Украина, а не можеме економски да го потиснеме без поддршка од САД, ни останува само еден метод: постигнување договор – додаде тој.

Тој изјави дека е можно Русија да клекне само со „100% поддршка од САД“.

Сепак, Де Вевер истакна дека, според него, САД не се целосно на страната на Украина и понекогаш се однесуваат „поблиску до Путин“.

-Без мандат да одиме и да преговараме во Москва, ние не сме на преговарачката маса каде што Американците би извршиле притисок врз Украина да го прифати договорот. И веќе можам да кажам дека тоа би бил лош договор за нас – рече Де Вевер.

Да потсетиме дека високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, претходно изјави дека блокот прво мора да се согласи што сака да бара од Русија пред директно да му се обрати на Путин.

Поврзани содржини