НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН НЕ Е РАНЕТ Шефот на иранската дипломатија тврди дека Моџтаба Хамнеи ги извршува своите должности нормално

Првиот дипломат на Иран, Аракчи ги отфрли тврдењата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека Хамнеи е ранет, тешко повреден и „веројатно обезличен“.

221

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека новоизбраниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ги извршува своите должности нормално, отфрлајќи ги тврдењата од Вашингтон дека е ранет, додавајќи дека политичкиот систем на земјата е стабилен и вкоренет во општеството.

Во интервју за американскиот MS Now (порано MSBNC), Аракчи ги отфрли тврдењата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет дека Хамнеи е ранет, тешко повреден и „веројатно обезличен“.






– Тие изнесуваат многу такви тврдења. Вчера, на пример, рекоа дека сите ирански функционери се во бункери. Во исто време, целиот свет можеше да ги види нашиот претседател, претседателот на парламентот, секретарот на Советот за национална безбедност и други функционери на улиците меѓу граѓаните што демонстрираат- рече Аракчи.

Тој нагласи дека нема проблеми поврзани со здравјето на новиот врховен лидер.

– Мислам дека сите наскоро ќе видат дека нема проблеми со новиот врховен лидер. Тој ја испрати својата порака вчера и ги извршува своите должности во согласност со уставот на Исламската Република Иран. Тој ќе продолжи да ги извршува тие должности – изјави Аракчи.

Тој рече дека политичкиот систем на Исламската Република е стабилен и длабоко вкоренет во општеството.

-Нашиот систем не зависи од едно лице или мала група луѓе. Исламската Република е добро воспоставен политички систем и државните институции функционираат. Сè е на свое место – рече Аракчи.

Според него, ова беше демонстрирано и по атентатот врз претходниот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

-Видовте дека ништо не се случи и дека сè остана во ред. Системот функционира и ситуацијата е под контрола-  нагласи иранскиот министер за надворешни работи.

Моџтаба Хамнеи беше избран за трет лидер на Исламската револуција.

Тој е син на поранешниот врховен лидер Али Хамнеи, кој, според иранските власти, беше убиен во американско-израелските напади на 28 февруари.

По изборите, иранските функционери, државните институции и вооружените сили се заколнаа на верност кон новиот лидер.

Поврзани содржини