МАКЕДОНИЈА ЛАНИ БЕШЕ ВО ПРВИТЕ 5 ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП Растот на економијата во првите месеци ветува дека трендот ќе продолжи

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Ора 24 рече дека годинашниот раст на БДП, сепак, ќе зависи од времетраењето на она што се случува на Блискиот Исток и влијанието врз енергенсите и светската економија.

100

Премиерот Христијан Мицкоски очекува добар раст на економијата и годинава, како оној од 2025 година кога земјава со раст на БДП се вброи меѓу во првите 5 во Европа.

Тој во интервју за ТВ Ора 24 рече дека за разлика од претходните години економијата во 2024 и во 2025 година бележи раст.






-Добрата вест за македонската економија и граѓаните е што растеме, 2025 година ја заврши во првите 5 во Европа, и тоа се факти, веднаш после Ирска, Малта, Кипар и заедно со Полска. И тоа се бројки од Еуростат. Исто таква беше и 2024 година. Пред шест, седум години бевме на дното во регионот, сега сме лидери во регионот и во првите пет во Европа според процентот на раст на бруто домашниот производ – рече Мицкоски.

Тој рече дека растот не економијата во првите месеци од годинава значи дека на економијата добро ѝ оди.

-Заедно со ова можам да кажам дека во првите два месеци од годината имаме двоцифрен раст во проценти на приходите во буџетот, што значи економијата добро оди, се плаќа данок на додадена вредност, нема веќе толку сива економија, и при увоз во земјата и во внатрешниот промет, добивката е поголема, данокот на добивка, од минатата година, што значи дека компаниите работат и профитираат, зголемени се придонесите, што значи качени се примањата на вработените од 12 до 13%, така што апсолутно почетокот на годината ветува одлична економска година – рече  Мицкоски.

Тој додаде дека сето тоа зависи од времетраењето на она што се случува на Блискиот Исток и влијанието врз енергенсите и светската економија.

Поврзани содржини