📽️ 📷 ВО ПЛАМЕН ЛУКСУЗЕН ОБЛАКОДЕР ВО ДУБАИ, СЕ ГЛЕДА ОГРОМНА ДУПКА Дрон директно удрил во објектот во текот на ноќта

Ударот предизвикал пожар кој брзо бил изгаснат од пожарникарите, а во инцидентот нема повредени.

445

Неидентификуван дрон оштетил луксузен облакодер во Дубаи, во областа Крик Харбор, синоќа, соопштија локалните власти.

Според соопштението од канцеларијата за медиуми на владата на Дубаи, дронот се урнал во зграда во оваа луксузна крајбрежна област северно од центарот на градот во текот на ноќта. Ударот предизвикал пожар кој брзо бил изгаснат од пожарникарите, а во инцидентот нема повредени.






Сè уште не е познато од каде дошол дронот.

 

За потсетување, Иран изврши нови напади врз цели во Ирак, Бахреин и Оман во текот на ноќта, што предизвика пожари во неколку енергетски објекти и пристаништа во регионот.

Во Ирак, два танкери беа запалени во близина на јужното пристаниште Басра, што ги натера властите да ја суспендираат работата на нафтените терминали во земјата. Повеќето од членовите на екипажот беа спасени, но едно лице беше убиено.

Поврзани содржини