ШЕСТМИНА ПРИЈАВЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Кој нападнал татко, кој жена, кој дете

127

Шест пријави за семејно насилство имало вчера, а пет лица од Гостивар, Крива Паланка, Битола и од Охрид се лишени од слобода, соопшти МВР.

На 10.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.З.(27) од селото Долна Бањица, Гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 26-годишна сопруга дека поради меѓусебно недоразбирање, упатувал закани на нејзината мајка на социјална мрежа.






Истиот ден лишени се од слобода Т.Д.(18) од Крива Паланка затоа што физички го нападнал неговиот татко и Е.В.М.(49) од Крива Паланка затоа што физички нападнал 16-годишник, син на неговата сопруга.

На 10.03.2026, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р.(33) од битолско село, затоа што, според пријавеното, во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга.

Завчера, 45-годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом во Прилеп била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Ш..

Во вторникот е лишен од слобода О.Л.(44) од Охрид затоа што претходно во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе поднесе соодветни пријави.

 

Поврзани содржини