ДРЕЈПЕР ГО ЕЛИМИНИРАШЕ ЃОКОВИЌ ВО ИНДИЈАН ВЕЛС Во четвртфиналето ќе се соочи со Медведев

325

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ноќеска го победи Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртото коло на турнирот во Индијан Велс – 4:6, 6:4, 7:6 (7:5).

Дваесет и четиригодишниот Британец сервираше 13 аса, направи 5 двојни грешки и реализираше 3 од 7 брејк топки.

Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ имаше 4 аса, 2 двојни грешки и реализираше 3 од 6 брејк топки.

Во четвртфиналето, Дрејпер ќе се соочи со Русинот Даниил Медведев, кој го победи Американецот Алекс Микелсен во претходното коло.

Наградниот фонд на турнирот во САД изнесува 9,4 милиони долари. 

Поврзани содржини