ДЕНЕС ЌЕ БИДЕ НАЈИНТЕНЗИВНИОТ НАПАД Ова нема да биде долга војна како во Ирак, вели Хегсет

САД најавија најинтензивен ден на напади врз Иран, со најмногу борбени авиони и бомбардери од почетокот на конфликтот. Американскиот министер за одбрана порача дека ова нема да биде долга војна како Ирак и дека „тие денови се мртви“.

1,569

Нова фаза од конфликтот меѓу САД и Иран се наѕира на хоризонтот. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека денес, 10 март, ќе се изведе најинтензивниот бран напади од почетокот на војната.

– Денес повторно ќе биде нашиот најинтензивен ден на напади во Иран, најмногу борбени авиони, најмногу бомбардери и најмногу напади – рече министерот.






Тој додаде дека интензивните воздушни операции веќе дале резултати. Според американските претставници, серијата напади значително ги намалила иранските ракетни и беспилотни капацитети.

– Од друга страна, Иран испукал најмалку ракети во последните 24 часа од почетокот на конфликтот – рече Хегсет.

„Ова не е 2003 година“

Американскиот министер нагласи дека САД нема да се впуштат во долготрајна војна како во Ирак.

– Ова не е 2003 година. Не е ни блиску. Нашата генерација војници нема да дозволи тоа да се случи повторно – рече Хегсет.

Тој порача дека Вашингтон нема да учествува во „бесконечно градење на нации“ и во „мочуриштата“ кои, според него, ги одбележале претходните американски администрации.

– Тие денови се мртви – рече министерот.

 

Библиски цитат на крајот од обраќањето

На крајот од своето обраќање Хегсет се осврна на жртвите во војната. Тој спомена дека уште еден американски војник бил убиен по иранските одмазднички напади врз американски бази на Блискиот Исток.

Министерот го заврши говорот со стих од Библијата.

– Благословен да е Господ, карпа моја. Тој ги вежба рацете мои за војна, а прстите мои за битка. Тој е карпа моја, тврдина моја, избавител мој и штит во кого се засолнувам – цитираше Хегсет од Псалм 144.

Тој најави дека нападите врз Иран ќе продолжат и во следните денови од конфликтот.

Поврзани содржини