СКЛАДИШТАТА СЕ ПРЕПОЛНИ, ИЗВОЗОТ ЗАПРЕН ПОРАДИ БЛОКИРАНИОТ ОРМУТСКИ ТЕСНЕЦ Земјите од Заливот го намалија производството на нафта

Поради нарушеното снабдување цената на нафтата вчера се искачи до 120 долари по барел, но откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека војната набрзо може да заврши, цените денеска се намалија и се движат околу 93 долари за барел. 

147

Најголемите производители на нафта на Блиски Исток дополнително го намалуваат производството, бидејќи клучниот Ормутски теснец речиси е парализиран, што го нарушува глобалниот енергетски пазар.

Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека четирите најголеми производители во регионот – Саудиска Арабија, Ирак, Обединети Арапски Емирати и Кувајт го намалија заедничкото производство дури за 6,7 милиони барели дневно, со што глобалната понуда на нафта е намалена за околу шест отсто.

Саудиска Арабија го намали производството на два до 2,5 милиони барели дневно, ОАЕ за 500.000 до 800.000 барели дневно, Кувајт за околу 500.000 барели дневно, додека Ирак го намали производството за околу 2,9 милиони барели дневно.

Поради нарушеното снабдување цената на нафтата вчера се искачи до 120 долари по барел, но откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека војната набрзо може да заврши, цените денеска се намалија и се движат околу 93 долари за барел.

Поврзани содржини