НОВА АВИОЛИНИЈА ОХРИД – БРАТИСЛАВА Првиот лет е закажан за 17 март

Амбасадата на Словачка во Скопје оценува дека отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот.

44

Од 17 март Северна Македонија и Словачка ќе се поврзат со нов директен лет меѓу Охрид и Братислава, информира  амбасадата на Словачка во земјава.

Амбасадата оценува дека отворањето на директната авио-линија е уште еден чекор напред кон зајакнување на контактите меѓу нашите две држави, пред се во туризмот и во бизнисот.






-Веруваме дека тоа ќе придонесе за натамошно јакнење на соработката и пријателските односи меѓу Словачка и Северна Македонија – се наведува во објавата на амбасадата на  социјалните медиуми.

Според Амбасадата директната авио-линија отвора нови можности за туристите од Македонија кои ќе имаат можност да ја посетат Братислава и Словачка, да ги запознаат нејзините историски градови, природата, културата и гастрономијата. Дополнително, новата авио-линија ќе им овозможи на посетителите од Словачка да ги откријат убавините на Охрид и неговото уникатно езеро, кое е едно од најзначајните природни и културни богатства во регионот.

Воведувањето на новата авио-линија пред околу два месеци ја најавија министерот за транспорт Александар Николоски и словачката амбасадорка во земјава Ивета Хрицова на средба во Скопје. Вицепремиерот Николоски тогаш истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставувањето на оваа авиолинија ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.

 

Поврзани содржини