ПОГОДЕНИ НАД 5.000 ЦЕЛИ ВО ИРАН Американската војска се пофали дека уништиле околу 50 ирански воени бродови

Централната команда на САД објави дека од почетокот на конфликтот на 28 февруари се погодени повеќе од 5.000 цели во Иран.

220

Американската војска погодила повеќе од 5.000 цели во Иран од почетокот на конфликтот на 28 февруари, соопшти Централната команда на САД.

Според податоците објавени од Централната команда на САД, во нападите биле уништени или оштетени и околу 50 ирански воени бродови.






Во извештајот не се наведуваат дополнителни детали за видот на целите што биле погодени, ниту за евентуалните жртви, но се посочува дека операциите продолжуваат во рамки на тековниот конфликт.

Тензиите меѓу Америка и Иран нагло се зголемија по почетокот на воените дејствија на крајот на февруари, а ситуацијата на Блискиот Исток и натаму се следи со голема загриженост од меѓународната заедница.

Поврзани содржини