СИНОТ НА ХАМНЕИ Е СЛАБАК И Е НЕПРИФАТЛИВ ЗА САД Трамп сака да учествува во изборот на новиот ирански лидер

Трамп во интервју за Axios порача дека Вашингтон мора да има улога во изборот на новиот врховен лидер на Иран и остро се спротивстави на можноста функцијата да ја преземе синот на Али Хамнеи.

926

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон треба да има улога во изборот на новиот врховен лидер на Иран, по смртта на Али Хамнеи, кој, според наводите, загинал во нападите на САД и Израел.

Изјавите на ирански претставници во изминатите денови укажуваат дека се приближува објавувањето на наследникот на Хамнеи. Како главен кандидат за оваа функција се споменува неговиот син, Моџтаба Хамнеи.






Во интервју за американскиот портал „Axios“, Трамп остро го критикуваше можниот избор на синот на Хамнеи.

– Тие го губат времето. Синот на Хамнеи е слабак. Морам да бидам вклучен во изборот, како што бев со Делси Родригез во Венецуела – изјави Трамп.

Тој додаде дека нема намера да прифати нов ирански лидер кој би ја продолжил политиката на Хамнеи, предупредувајќи дека тоа би можело повторно да доведе до воен конфликт.

– Синот на Хамнеи е неприфатлив за мене. Сакаме некој што ќе донесе хармонија и мир во Иран – рече Трамп.

Поврзани содржини