ВЕНЕЦУЕЛА ПРОДАВА ПОЛУРАФИНИРАНО ЗЛАТО НА САД Најмногу 1.000 килограми ќе се испорачаат преку компанијата Трафигура

Трафигура ќе го транспортира златото до рафинерии во САД, врз основа на посебен договор со американската влада.

137

Венецуела потпиша мултимилионски договор за продажба 1.000 килограми полурафинирани златни прачки („доре“) на трговската компанија Трафигура за американскиот пазар, а испораката ќе ја обезбеди државната рударска компанија Минервен, објави Аксиос, повикувајќи се на анонимни извори.

Според извори запознаени со договорот, Минервен ќе испорача помеѓу 650 и 1.000 килограми златни прачки на Трафигура.






Трафигура ќе го транспортира златото до рафинерии во САД, врз основа на посебен договор со американската влада.

Поврзани содржини