МАСАКР ВО УЧИЛИШТЕ ВО ИРАН Во крвавиот напад загинаа 165 ученички, Техеран го обвини Израел
Во напад врз женско училиште во Минаб загинаа 165 ученички, а 96 лица се ранети. Иран го обвинува Израел, кој категорично негира вмешаност.
Сто шеесет и пет ученички загинаа во напад врз женско училиште во градот Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми, повикувајќи се на официјални извори.
Според истите информации, во нападот се повредени уште најмалку 96 лица.
Иранските власти тврдат дека училиштето било погодено во израелски напад, оценувајќи го инцидентот како тежок удар врз цивилни цели.
Од друга страна, Израел ги отфрли обвинувањата и соопшти дека не извршил напади во таа област.
Засега нема независна потврда за околностите под кои се случил нападот, а случајот дополнително ги зголемува тензиите во регионот.