🎥 ВОЈСКАТА НА САД ОБЈАВИ ВИДЕО ОД ОПЕРАЦИЈАТА „ЕПСКИ БЕС“ Нема загинати американски војници

Нападите врз Иран се извршени како дел од операцијата „Епски бес“.

1,800

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран.

„По почетниот бран американски и партнерски напади, силите на CENTCOM успешно се одбранија од стотици ирански ракети и дронови. Немаше извештаи за американски жртви или повредени во борба. Штетата врз американските објекти е минимална и не влијаеше врз операциите“, се вели во соопштението, објавено на социјалните медиуми.






Нападите врз Иран се извршени како дел од операцијата „Епски бес“.

„Во првите часови од операцијата, беше употребена прецизна муниција лансирана од воздух, од копно и од море. Дополнително, работната група Скорпион Страјк за прв пат користеше евтини еднонасочни дронови за напад во борба“, се додава во соопштението на Централната команда.

Работната група Скорпион Страјк е ескадрила еднонасочни дронови за напад што Командата ја формираше минатата година. Леталата што ги користат беа развиени со обратен инженеринг на иранскиот дрон Шахед, кој беше запленет од американските сили пред неколку години.

 

Поврзани содржини